Дрон регистрираше уште едно изолирано домородно племе во бразилскиот дел од Амазонија, во мисијата на Агенцијата за домородци Фунаи, која започна лани и чијашто цел и беше набљудување на изолираните етнички заедници.

На снимките се гледаат луѓето како ги вршат своите секојдневни активности на полињата и во џунглата, користејќи меѓу другото, и лак и стрела. Племето чиешто име се уште не се знае, е откриено во областа Вало до Џавари на југозападот од Амазонија.

Агенцијата досега регистрираше 107 изолирани домородни племиња, а со повеќето засега не е остварен контакт.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 14:01