Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не се согласува со критиките упатени на адреса на германските репрезентативци Месут Озил и Илкај Гундоган по фотографирањето со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во мај во Лондон.
По дискусиите во јавноста Озил одлучи да се повлече од националниот тим.
- Ова е класичен пример за хипокризија, апсолутна бесмислица. Гундоган го познавам многу добро, Месут не, но би ги зел во својот дом двајцата. Немам никакво сомневање во овие момци во нивната лојалност кон нашата татковина. Разликата е дека тие само имаат уште нешто во нивното потекло. Каде е проблемот? Во 2006, за време на Светското првенство сите ја сметавме културната разновидност за нешто навистина одлично. Сега овие две момчиња беа привлечени од луѓе со голема политичка интелигенција да направат една слика, а потоа имаа релативно малку можности да кажат што точно се сакале да направат. Ете затоа целата оваа дискусија ја сметам за за лицемерна, изјави Клоп.
Германскиот фудбалски стручњак повика да се смират страстите и да се почитуваат фудбалерите кои имаа голем придонес во шампионскиот трофеј што Германија го освои на СП 2014 година.