Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека се уште е рано да се зборува за конкретни чекори на Русија по повод најновите санкции што ги воведе САД.
- Секако, претседателот ќе донесе одлуки кои се во најдобар интерес на нашата држава. Се уште е прерано да се зборува за конкретни чекори, но секако, руските интереси ќе бидат над се, посочи Песков.
На почетокот од месецот САД најавија дека ќе воведат нови санкции кон Русија поради наводното труење на двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.