Новото засилување на Барселона, Артуро Видал, упати уште еден вербален напад кон Реал Мадрид по трансферот на „Камп Ноу“. Баерн Минхен со Чилеанецот во тимот двапати испадна од „Лос Бланкос“ по контроверзни судиски одлуки. - Со ВАР, ќе имав две титули од Лигата на шампионите, изјави играчот од средниот ред во интервју за „Мундо Депортиво“. Чилеанскиот репрезентативец се уште не го освоил големиот трофеј и ќе се обиде да го стори тоа во дресот на Каталонците. - Дојдов во Барса за да освојам се. Дојдов во нов тим, нов шампионат и многу сум мотивиран да ја освојам шампионската титула, истакна Видал.