На 3 јули раководството на Милан потпиша договор со Ален Халиловиќ, кој премина во составот на „росонерите“ како слободен агент од тимот на Хамбургер.
Месец и половина подоцна, Хрватот веќе не влегува во плановите на Џенаро Гатузо и најверојатно ќе ги напушти „црвено-црните“ по краткиот и безславен престој.
Во денешното издание „Мундо Депортиво“ објавува информација дека Халиловиќ ќе биде предложен на два шпански клуба - Жирона и Еспањол.
Сериозна предност има тимот на Жирона, кој е предводен од Еузебио Сакристан. Стручњакот веќе има работено со Халиловиќ, кога Хрватот играше во вториот тим на Барселона.