Компанијата Гугл идентификувала и избришала 39 канали на ЈуТјуб поврзани со надводен обид на Иран да шири дезинформации во САД.

Гугл исто така избришал шест блогови на Блогер и 13 профили на Гугл плус.

– Нашата истрага за тие теми е во тек и ќе продолжиме да ги споделуваме нашите информации со полицијата и други релевантни владини ентитети во САД, соопшти таа компанија.

Компаниите Фејсбук, Твитер и Алфабет во вторникот избришаа стотици профили поврзани со наводна иранска пропагандна операција.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 09:38