Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела повторно ќе ја посети Северна Кореја за да го убеди Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното вооружување.

Заедно со него ќе отпатува и специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Биган, кој вчера беше именуван за таа функција.

- Стив ќе ја насочи американската политика кон Северна Кореја и ќе ги предводи нашите напори во остварување на целта на претседателот Трамп за конечна, целосна денуклеаризација на Северна Кореја, како што е договорено со Ким Џонг-ун, изјави Помпео.

Тоа ќе биде четврти пат оваа година Помпео да оди во Северна Кореја во рамки на настојувањата да ја наговори таа земја да ја укине програмата за нуклеарно вооружување.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Недер Нојерт рече дека Помпео нема план за да се состане со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 09:45