Тренерот на македонскиот шампион Шкендија, Ќатип Османи по поразот од 3:1 од Розенборг во првиот дуел од плеј-офот за пласман во Лигата на Европа, изјави дека според прикажаната игра, тетовци заслужувале подобар резултат.

- Врз основа на играта, мислам дека Шкендија вечерва заслужуваше подобар резултат, но голот кој го обележавме ни дава надеж дека можеме да се квалификуваме за групната фаза на Лига Европа. Нѐ очекува историски натпревар во Скопје и Шкендија ќе се обиде да ја надополни негативата. Иако изгубивме, ако играме на ист начин, мислам дека ќе се пласираме понатаму. Нормално, ќе ни треба поддршка од навивачите во обидот да напишеме историја, изјави Османи по мечот во Трондхајм.

Реванш дуелот е на 30 август (четврток) на Градскиот стадион во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 10:02