Ѕвездата на Ница, Марио Балотели конечно го наруши молкот, отткако цело лето се шпекулираше околу желбата на напаѓачот да го напушти тимот. Тој на крајот одлучи да остане кај „орлите“ и ги откри причините за изборот.

- Точно е дека по крајот на сезоната сакав да си заминам. Претседателот и останатите луѓе во клубот го знаеја тоа. Имав 5 конкретни понуди, но на крајот проценив да останам во Ница. Решението е целосно мое. Никој не може да ми каже што да правам. Постапувам така, како што сметам дека е најдобро. Имам луѓе кои ме советуваат, но конечно секогаш јас решавам што да направам, изјави Балотели.

Тој изјави дека Олимпик Марсеј бил еден од петте клуба кои го посакувале.

- Чувствувам голема почит кон нивниот тренер. Знам за непријателството меѓу навивачите на Ница и Марсеј, но јас се интересирам за кариерата, а не од мислењето на другите. Жал ми е, ако фановите се лути, но ништо не можам да направам. Додека сум во Ница, ќе давам се од себе за тимот. Еден ден веќе нема да сум тука и тоа е нормално, објасни италијанскиот репрезентативец.

Тој додаде дека добил многу примамлив предлог од Кина, но го одбил бидејќи сака барем уште две години да игра на високо ниво во Европа, а целта му е да игра на Евро 2020.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 10:09