Според истражување на Кинескиот информациски и интернет центар, бројот на корисниците на интернет во Кина надмина 800 милиони и сега тој изнесува 802 милиони претплатници, што е 57,7 отсто од вкупното кинеско население.

Само за споредба, САД моментно има околу 300 милиони интернет корисници, додека пак, самата Кина пред 10 години имаше нешто повеќе од 100 милиони корисници.

Околу 98 отсто од сите корисници е последната бројка (инаку рекордна во светски рамки), односно 788 милиони Кинези користат мобилен интернет. Околу 71 отсто од овие претплатници, пак, користат некоја од услугите за онлајн плаќање.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 14:28