Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Фред објави дека „црвените ѓаволи“ задолжително треба да го победат Тотенхем во дербито од третата рунда од Премиер лигата, ако сакаат да учествуваат во борбата за титула оваа сезона.

Тимот на Жозе Мурињо започна неубедливо во новата сезона и загуби уште во вториот натпревар во шампионатот на гостувањето кај Брајтон.

Сега за Јунајтед претстои многу сериозен тест - натпревар дома против Тотенхем в понеделник во 21 часот по македонско време.

- Ова е многу важен натпревар. Во текот на неделата работевме напорно, концентрирани сме целосно на овој натпревар и сакаме да забележиме победа пред нашите навивачи. Знаеме дека Тотенхем се многу силен тим, но ние мора да победиме ако сакаме да се бориме за титулата, изјави Бразилецот за „Скај Спортс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 14:48