Ексцентричниот сопственик на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, индиректно го нападна поранешниот тренер Маурицио Сари. Тој рече дека Сари имал се што му е потребно и дека бил поддржан од клубот, но и покрај тоа Наполи не освоил ништо.

- Во нас останува она чувство дека добро сме играле, но и горчлив вкус дека ништо не освоивме. Му дадовме сѐ на Сари, а во тие три години не освоивме ништо, изјави Де Лаурентис за новиот менаџер на Челзи.

Во исто време, шефот на тимот го пофали актуелниот заменик на Сари - Карло Анчелоти.

- Анчелоти е одличен човек кој по грешка влегол во фудбалот. Тој исто така ќе има успех во која било друга индустрија, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 15:30