Без сомнение, средбата меѓу Наполи и Милан ќе биде една од најинтересните во вториот круг од Серија „А“. Големиот Карло Анчелоти ќе се соочи со Милан, со кој освои многу во текот на годините, кога беше фудбалер и тренер на тимот.
Сега италијанскиот стручњак ќе го изведе Наполи против „росонерите“, кои пак се предводени од Џенаро Гатузо, кој беше главен фудбалер во составот на Анчелоти кога Милан владееше во Европа.
Карло очекува многу тежок натпревар и ја сподели својата голема возбуда да се соочи со Гатузо.
- Кога играте со Милан, никогаш не е лесно, бидејќи овој тим е секогаш силен. Ќе се обидам да му дадам на мојот тим точна поставка за играње на овој натпревар каде што треба да го искористиме најдоброто од себе. Го познавам Гатузо. По природа, тој секогаш е ист. На клупата е таков, како што беше на теренот. Милан игра како Џенаро. Ќе се соочиме со еден внимателен тим кој ќе игра организирано и агресивно. Ќе ја кажам вистината, не очекував да го видам Гатузо на клупата како тренер, рече Анчелоти.
Потоа тој зборуваше за неговото враќање во Италија и очекувањата од неговиот тим.
- Имав огромна желба да се вратам во Италија за да можам да зборувам на мојот јазик. Наполи ми понуди значаен проект. Не сме на вистинско ниво, но заедно ќе можеме да ги подобриме нашите перформанси. Во исто време, Неапол е одличен. Луѓето многу ме почитуваат. Тие сакаат да се фотографираат од мене, но тоа не ми пречи, заклучи искусниот експерт.
Дербито од второто коло на Серија „А“ се игра утре од 20,30 часот на „Сан Паоло“ во Неапол.