Спасените мигранти, кои неколку дена се наоѓаат на брод на италијанската крајбрежна стража во пристаниште на Сицилија, денеска почнаа штрајк со глад, соопшти опозицискиот сенатор Давид Фараоне.
Тој вчера ги посети мигрантите на вродот „Дичиоти“ и денеска на Твитер напиша дека пристанините работници му рекле дека постојат тензии на бродот и дека мигрантите престанале да јадат во знак на протест против одлуката на италијанската Влада да не им дозволи влез во земјата.
Мигрантите се спасени на 16 август во Средоземното Море, а 150 од нив се уште се на бродот, додека од него слегоа само болните и малолетни лица.