Финансискиот директор на Организацијата Трамп Ален Вајселберг од обвинителството доби имунитет од евентуално судско гонење во замена за сведочење во случајот против поранешниот личен адвокат на претседателот Трамп - Мајкл Коен, објави весникот „Волстрит џурнал".
Според весникот, Вајселберг на истражителите им доставил информации дека Коен им платил на две жени за да молчат за тоа дека наводно имале сексуални врски со Трамп.
Во вторникот Коен се изјасни за виновен за кршење на даночни закони и закони за предизборното финансирање.
Се смета дека Вајселберг е еден од луѓето кој му ги рефундирал на Коен исплатените износи и ги прикажале овие плаќања како правни трошоци.
Вајселберг работи со семејството Трамп од почетокот на 70-тите години и се занимавал со личните и деловните финансии на Доналд Трамп.