ЕУ ќе зажали заради својот план за економска помош за Иран, предупреди денеска премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА.

- Мислам, дека да се даваат пари на тој режим во овој момент е голема грешка и тоа треба да биде запрено, рече тој по повод одлуката на Европската унија да додели на Иран 18 милиони евра како дел од напорите за зачувување на нуклеарниот договор, откако САД повторно воведоа санкции против Техеран.

- Каде ќе одат тие екстра пари?, праша Нетанјаху.

- Тие нема да одат за решавање на проблемите со водата во Иран, нема да одат на ирански тевозачи на камиони, додаде тој. Тие ќе одат за проектили и Револуционерната гарда во Иран, Сирија и други места на Блискиот Исток, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер го даде овој коментар за време на неговата официјална посета на Литванија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2018 19:43