Поранешниот претседател Бил Клинтон, кој долги години одржуваше пријателски односи со кралицата на соул музиката Арета Френклин, ќе биде меѓу говорниците на нејзиното погреб на 31 август, пренесоа американски медиуми.

Другите говорници ќе бидат поранешниот главен обвинител Ерик Холдер, музичкиот магнат Клајв Дејвис, свештеникот Џеси Џексон, градоначалникот на Детроит Мајк Дуган, музичарот Смоуки Робинсон и други.

Кралицата на соул музиката почина на 16 август на 76 години од рак на панкреасот. Погребната церемонија ќе биде во црква во Детроит. Френклин ќе биде погребана на локалните гробишта.

На погребот ќе пеат Стиви Вондер, Шака Кан, Фејт Хил и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 10:56