Пожар избувна утринава во хотел и спа комплекс во североисточниот кинески град Харбин, при што загинаа 18 лица.

Причината за пожарот се уште се испитува. Спасувачката операција продолжува. Се уште нема податоци за повредени.

Пожарот, кој избувна во четирикатната зграда во туристичкиот дел Сон Ајланд во Харбин, веќе е изгаснат.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 11:01