Предлогот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за квадрилатерален самит за Сирија нема да се одржи во септември, соопшти извор од Елисејската палата.
Ердоган минатиот месец објави дека се планира самит за Сирија на 7 септември, со учество на Франција, Германија и Русија.
Изворот од Елисејската палата посочи дека лидерите на четирите држави одлучиле дека „се уште е премногу рано да има заседание на ниво на самит".
Претставниците на четирите земји ќе се состанат во Истанбул во септември, но, на дипломатско ниво, додаде изворот.
Франција сака гаранции за прекин на огнот и за тоа дека политичките реформи ќе бидат на дневен ред пред да се ангажира во какви и да било самити, рече претставникот на Елисејската палата.