Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис – трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

За да се намали воспалението, Павлов треба да добие третман со матични клетки во Грција кој што чини многу повеќе средства отколку што може да обезбеди неговото семејство.

Секоја донирана сума е добредојдена бидејќи третманот треба да започне во септември и ќе биде од голема корист за него и неговото семејство.

Затоа семејството Павлови ги моли сите хумани граѓани колку се во можност да му помогнат на Дарио да ги собере потребните средства за лекувањето кое треба да му овозможи нормално да се движи и среќен да го продолжи детството.

Потребни се 30.000 евра.

Да помогнеме!

T-mobile 143-105

ВИП 143-461



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 12:50