Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против белградскиот фудбалски клуб Партизан за однесувањето на неговите навивачи.

УЕФА постапката ја покрена за фрлање на тврди предмети на терен за време на натпреварот против турски Бешикташ во плеј-офот за пласман во Лига Европа.

Воедно од УЕФА на Партизан му забележуваат и за користењето на пиротехнички средства, како и за блокираните скали на трибините речиси во текот на целиот натпревар.

Натпреварот во Белград се одигра во четвртокот, а Партизан и Бешикташ одиграа нерешено 1:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 13:08