Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Колман, ќе паузира неколку седмици откако го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Хофенхајм во првото коло од Бундеслигата.

Колман го напушти теренот во крајот на првото полувреме, а по деталните прегледи денеска е утврдено дека станува збор за посериозна повреда на лигаментите и ќе треба подолг период да отсуствува.

Францускиот репрезентативец и претходно имаше проблеми со повредите, а во февруари беше подвргнат на операција поради што го пропушти и Светското првенство во Русија.

Колман во Баерн дојде во 2015 година, а оттогаш настапи на 96 натпревари и постигна 16 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2018 15:18