Поранешниот сопруг на Моника Белучи, францускиот актер Винсент Касел, се ожени со 31 година помладата манекенка Тина Канакеј.
Венчавката се одржа во Бидар, југозападна Франција, а на церемонијата присуствуваа стотина гости.
- Имам 52 години и ќе се оженам за 21-годишна девојка. Многу сум заљубен и сигурен сум дека ќе имаме деца, наведе Касел во интервју непосредно пред венчавката.
Касел радосната вест за венчавката ја сподели и преку социјалните мрежи, а новиот брачен пар беше пречекан од бројни обожаватели пред зградата во која се венчаа.
Двајцата се заедно од 2016 година, а се запознале на сурфање.
Касел 14 години беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи, со која имаат две деца, а се разведоа во 2013 година.