Во италијанскиот скијачки центар Алта Бадиа наврнаа околу 30 сантиметри свеж, влажен снег. Овој зимски центар се наоѓа во Доломитес, а надморската височина се движи од 1.324 до 2.250 метри.

Снег паѓа и на словенечката Кредарица, каде во девет часот изутринава биле измерени минус три степени Целзиусови, а снежната покривка изнесувала три сантиметри. Во последните 12 часа паднале 6,3 сантиметри снег.

Поголемиот дел од Хрватска е зафатен од поројни дождови, а температурите се намалени повеќе од десет степени. Во текот на ноќта земјата ја зафатија и силни ветрови, а најлошо беше во Истра.

Во Истарската жупанија евидентирани се 24 случаи предизвикани од пороен дожд, силен ветер и грмотевици.

Во раните утрински часови големо невреме го погоди и јужниот дел на Јадранот. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале над 40 литри дожд, што предизвика поплави во градот.

Проблем имало и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул се пренасочени кон други аеродроми.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2018 13:14