Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска вети дека земјата која ја води ќе донесе мир и безбедност во Ирак и во делови од Сирија, кои Турција не ги контролира, истакнувајќи дека терористичките организации ќе бидат отстранети од тие области.
Турција, која поддржува некои бунтовнички групи во Сирија, соработува со Русија, која го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад и Иран, со цел пронаоѓање на политичко решение за кризата во таа земја.
Говорејќи во југоисточната провинција Мус на комеморацијата и прославата на годишнината од Битка кај Манцикерт од 1071 година, Ердоган вети дека ќе донесе мир и безбедност на Сирија и Ирак.
- Единствените места во Сирија, каде што се воспоставени безбедноста и мирот, се под контрола на Турција. Со Божја помош, ќе воспоставиме мир во другите делови од Сирија, и ќе го донесеме истиот мир во Ирак, каде што се активни терористички организации, истакна тој