Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во оружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида. Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е мртов.

Шерифот на Џексонвил, Мајк Вилијамс изјави дека се уште се работи на идентификација на осомничениот, но истакна дека е белец.

Дел од американските медиуми објавија дека напаѓачот е 24-годишениот Дејвид Кац од Балтимор, кој учествувал на турнирот.

Според непотврдени информации, напаѓачот убил четири лица, а потоа се самоубил.

Турнирот во играње видео игри „Madden NFL 2019“ беше пренесуван во живо преку интернет.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 10:15