Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, по поразот од Челзи (1:2), изнесе забелешки за досудениот пенал за противникот во финишот од натпреварот.
Еден Азар го реализираше ударот од 11 метри за во тој момент водство на Челзи од 2:0.
Шпанскиот стручњак причината за поразот на неговиот тим ја глед аи во големиот број повредени играчи.
- Прекршокот по кој беше досуден пеналот е исклучително сомнителен. Ние исто така се соочуваме и со неможноста да играме во најсилен состав. Пред натпреварот загубивме шест играчи, но се боревме добро. Штета е што на крајот не освоивме барем бод. Едноставно повредите не спречија да дојдеме до подобар резултат, рече Бенитез.
По три рунди во Премиер лигата, Њукасл се наоѓа во долниот дел на табелата со само еден бод, додека Челзи е на делба на првата позиција со Ливерпул и Вотфорд со максимални девет бода.