Познатиот американскиот театарски сценарист Нил Сајмон почина вчера на 92 годишна возраст. Неговите дела „Босонога во паркот", „Чудна двојка" и трилогијата „Брајтон Бич“ со десетлетија доминираа на Бродвеј.

Сајмон почина по компликација со воспаление на белите дробови. Тој почина во болница во Менхетн, изјави неговиот долгогодишен пријател Бил Еванс.

Во своите претстави, тој ги третираше главно проблемите на средната класа. Добитник е на четири Тони награди, Пулицеровата, како и бројни други награди.

Еден од театрите на Бродвеј е именуван по него во 1983 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 10:53