Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека Евреите и натаму се во опасност иако од Холокаустот изминаа повеќе децании.

На крајот на четиридневната посета на Литванија, Нетанјаху изјави дека и натаму постојат луѓе кои сакаат да ја уништат еврејската држава, како што се Хамас и Иран.

- Она што е сменето е нашата способност да се одбраниме. Веќе не сме без одбрана. Веќе не сме беспомошни. Ние сме сила која ја контролира својата судбина со помош на државата Израел и војската на Израел. Тоа е величествена промена на историјата. Тоа е она што значи еврејска држава - способност на Евреите сами да се бранат, изјави Нетанјаху за време на посета на синагога во Вилнус.

Тој порача дека израелските разузнавачки служби чуваат европски животи и оти е време Европа тоа да го сфати.

- Спасивме толку европски животи во многу држави. Израел на повеќе начини е чувар на Европа и време е Европа тоа да го сфати, истакна Нетанјаху. Тој појасни дека во повеќе наврати во минатото израелската разузнавачка служба обезбедила информации со кои биле спречени терористички напади во Европа, вклучувајќи и напади на цивилна авијација.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 11:10