Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, објасни зошто Лука Модриќ не добива шанса во стартниот состав.

- Лука имаше напорни настапи со хрватската репрезентација на Мундијалот во Русија. Тој подоцна се приклучи на подготовките. Нема потреба од брзање. Кога ќе биде целосно подготвен ќе се врати. Имаме одлични алтернативи, изјави Лопетеги.

Покрај Модриќ, уште и Варан и голманот Тибо Куртоа ја чекаат својата шанса за влез во стартните 11.

- Со варан ситуацијата е слична како со Модриќ, додека за голманската позиција конкуренцијата е извонредна. И Кејлор Навас е одличен голман. Ќе има шанса и за него и за Куртоа, дополни тренерот на Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 12:48