Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јули годинава се пониски за еден отсто на месечно ниво, а за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули 2018, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 0,7 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто.

Во јули 2018, во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија 7,5 отсто и капитални производи 0,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2018 14:07