Вардар од три натпревари на почетокот на првенството, има скор од две победи и едно „реми“, и со освоени седум бодови во моментов го зазема второто место на табелата.
Еден од заслужните за овој скор во досегашните првенствени пресметки е голманот Филип Гачевски со добрите одбрани на двете гостувања во Тетово против Шкендија и против Ренова, а особено се истакна со одлични шест интервенции на дуелот со Македонија Ѓорче Петров.
- Воопшто не е важно кој ќе биде стрелец на гол, или кој ќе одигра добар натпревар, туку бодовите кои ќе ги освои тимот. Среќен сум што имав и јас свој придонес во овие освоени бодови, меѓутоа ако не се головите, нема да дојдат ниту победите. Сакам да кажам дека целиот тим е заслужен за овој добар старт во првенството. Одиме понатаму, нема да застанеме тука, туку сакаме да ја продолжиме оваа добра серија, изјави Гачевски за клупскиот сајт на Вардар.
Голманот на „црвено-црните“ два натпревара по ред нема примен гол.