Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, смета дека неговиот колега од Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е инспирација за помладите тренери.
- Многу од помладите тренери истакнуваат дека се испирирани од работата на Мурињо. Тој е неверојатен. Меѓутоа, како и во секоја работа има падови и искачувања, истакна Покетино.
Во изминатиот период Мурињо се најде на удар на јавноста поради послабите резултати на Јунајтед, а често се ширеа гласини и за негова смена.
- Се е можно. Но, не е доволно само да верувате дека ќе победите. Резултатот на натпреварот некогаш не зависи и од самите нас, истакна Покетино.
Тотенхем и Јунајтед вечерва ќе се соочат на „Олд Трафорд“ во третото коло од Премиер лигата