Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид, утрово во 9.30 часот го започна подвигот за препливување на Охридското Езеро. Тој стартуваше од Св. Наум во услови на немирно езеро, засилен северен ветер и неповолен бран.

Но, временските (не)прилики во ниту еден момент не го поколебаа храбриот пливач кој пред почетокот на подвигот уште еднаш демонстрираше силна волја да успее во зацртаната цел, пренесува Охридњус.

Марко го следи неговото семејство, како и медицинска екипа и тим на Црвениот крст. Од временските услови ќе зависи кога Марко ќе пристигне на целта во Охрид кај градското пристаниште.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 16:56