Во едногласно усвоена декларација на Советот за безбедност на ОН се повикаат авганистанските талибанци да учествуваат во новиот прекин на огнот, како што предложи авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Поздравувајќи го предлогот уптаен пред една недела, Советот за безбедност ги повика Талибанците итно да и се приклучат на истиот.
Во декларацијата, Советот ги повикува талибанците „да го прифатат предлогот на авганистанската влада од февруари да учествуваат во директни преговори за мир, без предуслови и без закана за насилство за постигнување на конечен политички договор што ќе обезбеди траен мир за населението на Авганистан".
Членовите на Советот за безбедност ја истакнуваа важнота на 20 октомври да се спроведат мирни, безбедни и транспарентни парламентарни избори со широко учество, како и за претседателските избори предвидени за 20 април 2019 година.