Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала е регистриран во близина на островот Тимор, во источниот дел на Индонезија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Нема податоци за жртви или за евентуални материјални штети.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на околу 100 километри североисточно од градот Купанг, претстолнина на провинцијата Нуса-Тенгара.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 17:06