Златна скулптура со височина од четири метри на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е поставена во германскиот град Висбаден. Споменикот предизвика гнев кај локалните жители.

Статуата на Ердоган е подигната во рамките на Берлинско биенале за современи уметности, но за тоа не биле известени локалните власти.

Споменикот на Ердоган е поставен еден месец пред посетата на турскиот претседател на Берлин. Голем број Германци не го одобруваат авторитарното владеење на Ердоган.

Овогодинешното Берлинско биенале се одржува под мотото „Лоши вести“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 18:01