Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди, го информирал селекторот Герет Саутгејт дека се повлекува од англиската репрезентација.

Фудбалерот во одлуката навел дека во јануари ќе наполни 32 години и планира повеќе време да поминува со своето семејство.

- Да бидам искрен подолого време размислував за оваа одлука. Не станувам помлад, а колку што можам да забележам намерата на селекторот е да го подмлади тимот. Тоа даде резултати на Светското првенство, истакна Варди.

Фудбалерот на Лестер нагласи дека му стои на располагање на селекторот Саутгејт доколку има проблем при изборот на напаѓачи поради евентуални суспензии или повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 18:09