Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, се повреди на натпреварот против Аталанта од второто коло во италијанското првенство, кој заврши со реми 3:3.

Ди Франческо на стадионот „Олимпико“, при постигнувањето на израмнувачкиот гол на Костас Манолас во 82-та минута за 3:3, удирал со раката во пластичната заштита на клупата за резерви и скршил неколку коски на дланката.

Како што објавија италијанските медиуми 47-годишниот тренер денеска бил опериран на една од клиниките во Рим.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 18:44