Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Карло Анчелоти се присети на деновите поминати во германскиот шампион. Тој кажа дека не успеал во намерата нешто да промени во клубот.

- Во Баерн не сакаа да менуваат некои работи кои јас сакав да ги променам. Дојде до судир меѓу мојата и нивната филозофија, изјави Анчелоти.

Трофејниот италијански фудбалски тренер во Баерн работеше од 2016 до 2017 година.

Во моментов е предводник на Наполи со кого има освоено максимални шест бода на стартот од сезоната во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 09:58