Четириметарскиот златен споменик на турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган, кој минатата недела беше поставен во германскиот град Визбаден, јави ДПА.
Голем дел од локалните жители се разгневија поради споменикот, кој беше поставен во рамки на Берлинското биенале за современи уметности.
Градските власти синоќа преку Твитер соопштија дека ќе ја отстранат арт инсталацијата бидејќи не може повеќе да биде гарантирана безбедноста на споменикот.
Доцна синоќа, поддржувачи и опоненти на Ердоган се собраа на централниот плоштад, на кој се наоѓа споменикот и влегле во меѓусебни расправии и спорови.
Портпарол на полицијата истакна дека на плоштадот имало „агресивна атмосфера“, но дека немало пројави на насилство.
Споменикот на Ердоган е поставен еден месец пред посетата на турскиот претседател на Берлин. Голем број Германци не го одобруваат авторитарното владеење на Ердоган.
Овогодинешното Берлинско биенале се одржува под мотото „Лоши вести“.