Првпат во 50 години астронаут се откажа од подготвителните обуки на американската Национална воздухопловна и вселенска администрација (НАСА).

Кандидатот за астронаут Роб Калин (34) одлучи да ја напушти НАСА на половина од својата двегодишна обука во Џонсон вселенскиот центар во Хјустон.

Портпаролката на НАСА, Бренди Дин изјави дека тој се заминува поради лични причини. Оставката на Калин стапува во сила в петок.

Калин беше меѓу 12 астронаути, кои лани летоска беа избрани од 18.300 пријавени за обуката.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 11:12