Стручните екипи за заловување на кучиња скитници, почнаа акција за заловување околу кумановските основни и средни училишта, информираа денеска од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово. Оваа акција како и претходните се спроведува согласно годишниот план за заловување.

- Од почетокот на спроведувањето на тендерот, кој на годишно ниво изнесува 800.000 денари без данок на додадена вредност заловени се 70-тина кучиња или во текот на летниот период заловени се 70-тина кучиња скитници, изјави комуналниот редар Гордан Таневски од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово. Кучињата се заловуваат, им се врши стерилизација, вакцинација и дехелминитизација, се иднетификуваат со микро чип и им се става околувратник во боја. По одреден период поминати во прифатилиштето се пуштаат на локацијата каде што се заловени. Тендерот за заловување на кучињата во Куманово го спроведува ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“. Од секторот за инспекциски надзор најавија дека наскоро во соработка со здруженија за заштита на животни ќе организираат и акции за вдомување.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 11:52