Шпанскиот фудбалер Пако Алкасер премина од Борусија Дортмунд во Барселона во трансфер вреден 22,5 милиони евра, објави бундеслигашот на својата веб-страница.

Борусија прво ќе плати 2,5 милиони евра за позајмица на фудбалерот, додека на крајот од сезоната ќе мора да плати уште 20 милиони за да го откупи неговиот договор.

Алкасер во Барселона дојде од Валенсија во 2016 година, но не се избори за првиот состав.

За националниот тим на Шпанија има одиграно 13 натпревари и постигнато шест гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 13:43