Терористите во Идлиб настојуваат да користат цивилни заложници како жив штит, што е неприфатливо, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Лавров ова го изјави по состанокот со шефот на саудиската дипломатија Абдел ал Џубеир.
Шефот на дипломатијата рекол дека „главен фокус на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Турција во Москва со учество на специјални служби бил посветен на Идлиб".
- Од разбирливи причини, Идлиб е последното големо упориште на терористите, кои настојуваат да се коцкаат со статусот на деескалационата зона и ги држат цивилите како човечки штит, и да ги потчинат нелегалните формации подготвени за преговори со Дамаск. Значи, од сите агли, овој чир мора да се отстрани, рече Лавров.
Лавров претходно изјави дека Русија останува во контакт со САД во врска со ситуацијата во сириската провинција Идлиб, која ја држат бунтовниците.