Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Јаја Туре, во следните неколку дена ќе потпише договор со Олимпијакос, објавија британските медиуми повикувајќи се на извори блиски до грчкиот клуб.

На Туре минатата сезона му истече договорот со Сити и досега 35-годишниот фудбалер не можеше да најде ангажман.

Утрово неговиот агент Димитриј Селук соопшти дека Туре ги поминал лекарските прегледи и дека во следниот период ќе потпише договор без да го соопшти клубот.

Олимпиакос оваа сезона има амбиции повторно да се бори за титулата во грчкиот шампионат, па поради тоа искусниот фудбалер е посакуван играч во нивните редови. Воедно Туре веќе има настапувано за грчкиот клуб во сезоната 2005/06 пред да замине во Монако.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 19:03