НАТО денеска соопшти дека големите воени вежби на Русија и Кина наредниот месец покажуваат дека Москва и натаму е фокусирана на судир од големи размери.

Од Алијансата соопштуваат дека вежбата „Восток 2018“, која во јавноста е претставена како најголема од времето на Студената војна, „покажува дека фокусот на Русија e на изведување судир од големи размери“.

На оваа воена вежба во централниот и источниот дел на Русија учествуваат околу 300.000 припадници на руските трупи. Кинески медиуми наведуваат дека Кина планира на вежбите да испрати 3.200 војници.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 19:35