Владата на денешната 85-та седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја прифати Предлог - уредбата за изменување и дополнување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2018-та година.

Со уредбата, како што велат од Владата, се обезбедува дополнителна субвенција од еден денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. Оваа мерка ќе придонесе и за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2018 20:08