Победа ја совлада екипата на Струга Трим Љум со 1:2 и се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија.
Победа поведе во 22-та минута со гол од пенал, кој го реализираше Јорданчо Наумоски, но во втоиот дел домаќините израмнија во 47-та минута со голот на Валентин Кочоски.
Гостите од Прилеп до победата стигнаа со голот на Чиназорм Набуезе во 75-та минута.
Последниот натпревар од оваа фаза се игра на петти септември помеѓу Кожув и Шкендија, a дуелот беше одложен поради обврските на актуелниот шампион во европските купови.