Претставници на општина Ресен и Националниот парк „Преспа“ од Албанија денеска во Ресен одржаа состанок за продолжување на прекуграничната соработка.

Од албанска страна присуствугваше раководството на НП „Преспа“ предводено од директорот Михалајч Чирјо, а од македонска претставници на секторот за животна средина во општина Ресен на предводени од Ајман Алмалла и секретарот во Општината Јоне Димовски.

Целта, како што беше истакнато, е да се споделат ставовите на двете страни за заштита на Преспанското Езеро, како споменик на природата, како и потпишување меморандум за соработка за подигање на нивото на конзервација и подобрување на управувањето со природните богатства.

- На состанокот беа произнесени сите активности кои се спроведуваат од двете страни, а се однесуваат на заштитата на животната средина. Притоа, јасно беше истакнат фактот дека е неопходна заедничка соработка, со цел добивање јасна слика за состојбата на еко системот на Преспанското Езеро, информира општина Ресен.

Секретарот на Општина Ресен, Димовски, ја истакна улогата и поддршката од страна на Општината за реализација на сите идни активности.

Бил договорен нов состанок за септември, кој ќе се одржи во Албанија, во септември 2018 година, кога ќе се дефинираат областите во кои заеднички може да се дејствува за постигнување одржливост и развој на регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 00:21